Select Page

Month: December 2014

Едногласно донесен Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за 2015 година

На последната седница на Советот на Општината за оваа година, согласно законските рокови и воспоставената пракса се најде на разгледување еден од најважните документи за функционирањето на локалната самоуправа – Предлог-Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за 2015 година. Овој Предлог-Буџет беше изготвен согласно основните насоки за подготовка на буџетите на општините за 2015 година, а тоа се остварување на стратешките определби за зголемување на економскиот раст и конкурентноста на економијата на трајна основа, зголемување на вработеноста, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот на населението. Исто така беше донесена одлука за извршување на Буџетот на Општина Маврово...

Read More

Санирани дефекти од водоводна мрежа

Од Јавното Препријатие за Комунални Дејности – Маврово информираа дека поради дефект на цефка ф -50 од водоводна линија во населба Маврови анови и дефект на огрлица профил ф – 100 милиметри од водоводната мрежа во село Врбен неколку часови жителите на овие две населени места останаа без вода за пиење. По брзата интервенција на работните екипи за санација и одстранување на дефектите кои се појавуваат на водоводните мрежи кои се во надлежност на Комуналното препријатие, дефектите беа санирани и повторно вода за пиење имаше за сите жители од овие населени...

Read More

Одбележан патрониот празник во ОУ Блаже Конески во Сскудриње

Со богата културно – уметничка програма од страна на учениците од ОУ Блаже Конески од Скудриње и ПУ од Присојница и Аџиевци беше одбележан годинешниот патронен празник на училиштето. На чија церемонија присутни беа Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Пратеникот во Собранието на РМ Алим Билали, Директорите на Здраствениот Дом и Националниот Парк, Директорот на ЈПКД-Маврово, Директорите на СОУ и Основните Училишта, родители и наши сограѓани од повеќе населени места. Во својот поздравен говор Директорот на Училиштето, Амзо Ахмедоски на сите присутни им заблагодари за тоа што се дел од оваа прослава по повод патрониот празник на училиштето. Исто така изкажа...

Read More

Благодарница за Општина Маврово и Ростуше

Благодарница на Општина Маврово и Ростуше за значаен придонес во реализација на ”Традиционалните Спортски Игри – Спортски Бон – Тон”. Во СЦ „Борис Трајковски” се одржа завршната манифестација на петмесечниот проект „Традиционални спортски игри – Спортски Бон-Тон” кој изминатиов период се реализираше преку спортско-културни манифестации во општините Маврово и Ростуше, Велес, Карпош, Ново Село, Охрид и во Свети Николе. Оваа прекрасна спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри – Спортски Бон-Тон“, беше под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Целта е промовирање на Спортски Бон-Тон како модел на интегрирање на децата од училишна возраст, во системот на спортување,...

Read More

Паметни табли и во СОУ Маврово – Ростуше

Паметни табли и во СОУ Маврово – Ростуше Општина Маврово и Ростуше во соработка со Средното Општинско Училиште набавија 6 паметни табли. – Smart Board продуктот е иновација која веќе ги придвижува образованието, организациите и компаниите од целиот свет напред, правец во кој треба да се движи и Нашата Општина. Олеснувањето на образованиот процес е клучна за развој и напредок, а паметната табла токму тоа го овозможува. Во сите видови на едукација, дијалог и интеракцијата се основа за ефикасност и токму затоа сум убеден дека набавката на дека Smart Board е извонреден проект за образовниот систем во Нашата Општина –...

Read More
  • 1
  • 2

Информации од Јавен Карактер

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

4-ти Мај 2023

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking