На последната седница на Советот на Општината за оваа година, согласно законските рокови и воспоставената пракса се најде на разгледување еден од најважните документи за функционирањето на локалната самоуправа – Предлог-Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за 2015 година. Овој Предлог-Буџет беше изготвен согласно основните насоки за подготовка на буџетите на општините за 2015 година, а тоа се остварување на стратешките определби за зголемување на економскиот раст и конкурентноста на економијата на трајна основа, зголемување на вработеноста, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот на населението. Исто така беше донесена одлука за извршување на Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за 2015 година. Со Предлог-одлуката за извршување на Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за 2015 година се прецизира начинот на трошењето на паричните средства во Буџетот на Општината, начинот на пренамена во рамките на одобрените буџети на буџетските корисници и вредноста на бодот за утврдување на бруто плата. Со оваа одлука за извршување на Буџетот е регулирана и висината на разни надоместоци по разни основи, буџетска резерва, за отпремнини, јубилејни награди и др. Исто така Советот на оваа седница усвои Процена на загрозеноста на подрачјето на општината Маврово и Ростуше од сите ризици и опасности. На советот му посакуваме уште поуспешна и плодна работа во новата 2015 година.

sovet