Медат Куртовски

Медат Куртовски роден 02.12.1979 година во с. Скудриње. Своето основно образование го завршил во родното село во ОУ. Блаже Конески. Средно образование завршил во ЦСНО Здравко Чочковски во Дебар. Дипломирал Англиски Јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот ‘’ Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје. После завршување на факултетот работел како Професор по Англиски јазик во повеќе Основни Училишта.

Членува во неколку Здруженија на граѓани каде зема активно учество за решавање на проблемите на населението како и давање на секакви сугестии и предлози.  На локалните избори во 2017 година е избран за Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.

Оженет и татко на две деца.