Select Page

Новости

Новости

Договор со Министерство за култура

Градоначалникот Медат Куртовски во име на општина Маврово и Ростуше потпиша договор со Министерството за култура при Владата на Република Северна Македонија, претставувано од министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска - Стојчевска.Со овој договор во вредност од 3.000.000 денари ќе се набави опрема за внатрешно уредување на реконструираното училиште во село Тресонче кое што ќе биде мултифункционален културен центар.Минатата година ова училиште беше реконструирано исто така со средства од Министерството за култура при што се врши целосна реконструкција на старото училиште и во иднина тоа ќе биде центар во кој што ќе може да се одржуваат бројни културни настани.Во име на жителите на општина Маврово се заблагодаруваме на почитуваната министерка и на Министерството за култура за поддршката која што ја дава за развојот на културата и традицијата...

Посета на Маниса, Република Туркије по повод сто годишнината од основањето на турската република

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски престојуваше во работна посета на градот Маниса, Република Туркије по повод сто годишнината од основањето на Турската Република.На покана на валијата на град Маниса, Енвер Унлу и на претседателот на Здружението на македонските иселеници МАК - ЃОЧ Маниса, Џевдет Џомерт, градоначалникот Медат Куртовски заедно со заменик градоначалникот Кенан Елези, претседателката на советот Теута Мирто и советниците Ахмет Ахмети и Анеса Јонузоска присуствуваа на прославата организирана од градот Маниса.Исто така свое учество и неколку настапи имаше и фолклорната група од општината.Во текот на оваа посета градоначалникот оствари средба со валијата на градот Маниса, Енвер Унлу, градоначалникот на општина Јунусемре, Мехмед Черчи, градоначалникот на општина Шехзаделер, Омер Фарук Челик и градоначалникот на општина Кучуккој, Џенгиз Балкан кој потекнува од селото Болетен, од нашата општина.На овие средби беше потврдена одличната соработка на нашите општини која ќе продолжи и понатаму во иднина. Мостовите на соработка...

Промоција на книгата “Реканската каза во османлиските архивски документи од XIX и почетокот на XX век”

Во домот на културата во Ростуше се одржа промоција на книгата “Реканската каза во османлиските архивски документи од XIX и почетокот на XX век” од авторот д-р Армен Жарноски, асистент - истражувач во Јавната научна установа - Институт за национална историја - Скопје, Одделение за историјата на Македонија за време на османско - турското владеење. Промотори на книгата беа академик проф. д-р Драги Ѓоргиев, проф. д-р Билјана Ристовска - Јосифовска и проф. д-р Хасан Џило. Предмет на оваа монографија се социо-политичките состојби во Реканскиот регион во периодот на XIX до почетокот на XX век, истражени врз основа на османлиските архивски документи. Основната цел на оваа книга е преку изложување на архивски документи да се истакнат некои аспекти од историјата на Реканскиот регион што досега не биле истражени. Освен ова, изложени се и барањата и молбите од страна на месното население до соодветните државни институции од тој период. Д-р Армен...

Почеток на новата учебна година 2023-2024

Во сите основни и подрачни училишта како и во средното општинско училиште денеска започна новата учебна година. На сите ученици, родители, наставници и директори им посакуваме пред се здравје и среќа и успешен почеток на наставно-образовниот процес во оваа учебна 2023-2024 година. Годината да биде исполнета со учење, другарство, радост и успех. И оваа година од страна на општината на сите првачиња ќе им биде доделена еднократна финансиска помош во вредност од 3.000 денари. Претходни беше извршена дезинфекција на сите училишни објекти во...

Благодарница за општина Маврово и Ростуше од Културната асоцијација на Македонците од Равена, Република Италија

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски прими благодарница од Културната асоцијација на Македонците од Равена “Пријателство - Amicizia” за спонзорство на проект во делот на спорт и спортски активности “Турнир во мал фудбал во Лидо Адриано” во Равена, Република Италија. Општина Маврово и Ростуше упатува честитки на организаторите и на сите волонтери кои беа дел од овој прекрасен спортски и културен настан. Ова беше убава можност реканскиот народ да се собере на едно место и да се дружи, забавува и спортува. Нашите сограѓани преку оваа организација уште еднаш ја потврдија сложноста, солидарноста и културата на реканскиот народ и почитувањето на редот и законите во било која држава и да се наоѓаат. Веруваме дека со ваквите спортски и културни настани се промовираат позитивните вредности на реканскиот народ и се потврдува дека сме пример за вреден, културен и...

Капитална инвестиција од областа на културата

Во Владата на Република Северна Македонија, во присуство на министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска - Стојчевска се одржа координација за искористување наодобрените средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2023 година.Општина Маврово и Ростуше доби проект за реконструкција на стара училишна зграда во село Тресонче која ќе се ревитализира во мултифункционален културен центар.Со вакви инвестиции ќе создадеме соодветни услови каде што ќе се одржуваат бројни културни настани и ќе се привлекуваат повеќе посетители и туристи кои ќе се запознаваат со културата, историјата и убавините на...

Договор за донација

Градоначалникот Медат Куртовски потпиша договор за донација со господин Сафет Алили, претседател на хуманитарната организација Letzcare од Луксембург.Оваа организација реализираше неколку донации во општината како и во неколку здравствени домови во нашата држава.Градоначалникот се заблагодари во името на сите за целокупната донација што ја донираше оваа хуманитарна...

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ

Општина Маврово и Ростуше со низа активности го одбележа денот на општината 4-ти Мај. Централната активност се одржа во спортската сала “Македонија” на која присусвуваа голем број на граѓани и преставници на институции. Свеќеноста беше збогатена со богата културно уметничка програма на која учествуваа фолклорни секции од општинските...

Ифтарска вечера во општина Маврово и Ростуше

По повод светиот муслимански месец Рамазан, општина Маврово и Ростуше организраше ифтарска вечера на која присуствуваа претставници на муфтиството на ИВЗ - Гостивар предводена од муфтијата Х. Сабахудин Зендели, имамите и верските лица од општината, Господин Доситеј од Бигорскиот Манастир, советниците од општината како и локалните функционери од општината.Нека нашиот Господар Аллах џ. ш. ги прими постот...

Вонредна седница на советот на општина Маврово и Ростуше

Поради состојбата после катастрофалниот земјотрес кој ги зафати државите Република Туркије и Сирија, градоначалникот Медат Куртовски побара одржување на вонредна седница на Советот на општина Маврово и Ростуше.На седницата беа предложени две точки на дневен ред и тоа: Прогласување на денови на жалост поради земјотресот што ги погоди Република Туркије и Сирија.Донесување на одлука за одобрување на финансиски средства за помош на настраданите од силниот земјотрес кој ги погоди Република Туркије и Сирија. Едногласно од страна на сите советници беше одлучено деновите до 12. 02. 2023 година се прогласуваат за денови на жалост во општина Маврово и Ростуше и знамињата пред седиштето на општината ќе бидат истакнати на половина копје. Едногласно од страна на сите советници беше усвоен предлогот да се додели финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во земјотресот. Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Туркије и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи...

Информации од Јавен Карактер

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

4-ти Мај 2023

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking