Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди на сите граѓани од нашата Општина како и на сите граѓани од нашата татковина им го честита 8-ми Септември Денот на Независноста на Република Македонија посакувајќи Европска перспектива за сите граѓани. Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Нашето единство, наша победа“, преку проектот Неделата на Спортот се одбележа со повеќе спортски, културни и музички настани во нашата Општина. Од 31 август до 8 септември во рамки на неделата на спортот, покрај редовните спортски активности, беа организрани и ревијални настани со цел да се промовира спортот и што повеќе да се анимираат граѓаните.

8_septemvri