Градоначалникот, Мукрем Мехмеди главен промотор за афирмација на спортот.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди како еден од главните промотори за афирмација на спортот во нашата Општина денес во салата “Македонија” која е дел од Спортскиот Рекреативен Центар “Радика” го означи почетокот на третиот ден од спортските активности кои се дел од проектот Неделата на Спортот кој е проект на Владата на РМ а е под покровителство на Агенцијата за Млади и Спорт во соработка со Општините. На денешниот ден учество зедоа од сите категории на спортитсти од нашата Општина од ученици во основните училишта кои денес во спортско-рекреативниот центар дојдоа придружувани од своите професори по физичко образование и воспитување и од директорите на сите Основни Училишта како и учениците, професорите и директорот на Средното Општинско Училиште, млади спортисти од сите населени места од нашата општина како и оние ветераните на кои многу им должиме за нивниот труд кој со децении го вложувале за што поголема афирмација и подтикнување на сите спортски дисциплини во нашиот регион. Во рамките на денешниот ден се одржаа натпревари во мал футбал учествувајќи екипи од сите училишта како и се оддржаа натпревари во кошарка, пинг понг и други спортски дисциплини, а најголем впечаток кај сите нас пробуди пријателскиот дух кај сите натпреварувачи и меѓусебното другарување на сите учесници на овој прекрасен спортски настан.

nedela na sportot