Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани и посетители, дека поради изведување на градежни работи – асфалтирање на регионалниот пат на влезот за Маврово кај локалитетот ”брана”, сообраќајот ќе биде во прекин на ден 27.08.2020 година (четворток) во периодот од 12:00 до 15:00 часот.
Од таа причина, ги замолуваме сите наши сограѓани и посетители на Мавровскиот регион, за пристап до селата Маврово, Ниќифорово и Леуново да го користите влезот кај клучката Бунец.
Благодариме на разбирањето.
Со почит,