Во просториите на Општината во Ростуша во рамките на проектот ,,Ние сме лидери/ки застапнички на промени во нашите заедници’’ финансиски подржан од UN WОМЕ-Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, а спроведуван од Македонско женско лоби, ДЕСИДЕ, Институт Евробалкан, НВО Сирма како и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Собранието на РМ, одржа информативна средба со советничките (жени) членови на Советот на Општина Маврово и Ростуша – 4 /четири/ од вкупно 11 членови на Советот на Општина Маврово и Ростуша, Комисијата за родова еднаквост на половите од Општина Маврово и Ростуша, и вработените (жени) во општината. Како заклучоци од оваа средба се предвидени, во иднина е потребно поголема соработка на Комисијата за родова еднаквост на половите на Општина Маврово и Ростуша и нејзино учество во имплементирањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите со вработените во општинската администрација на Општина Маврово и Ростуша, со Основните училишта од територијата на Општината, Средното Општинско Училиште ,,Маврово-Ростуше’’, Јавната здраствена Установа ,,Д-р Русе Бошкоски’’ – с. Ростуше и други институции кои делуваат во Општината, како и соработка со Општини кои ги обработуваат темите од области поврзани со активноста на жените во пооделни области. Исто така активноста во 2014 година се очекува да биде уште поуспешна бидејќи член на Комисијата за родова еднаквост на половите од Општина Маврово и Ростуша, по аплицирање на Менторската програма на тема: ,,Подигање на свеста за женското здравје’’, е избрана и истата е влезена во оваа Менторска програма, на која и е определнен ментор г-ѓа Ристанка Лалчевска, екс-пратеник во Собранието на РМ, која ќе работи со нашата општина во областа на родовата еднаквост на мажите и жените. Исто така предвидени е одржување на трибини на теми: 1. Дијабетес (Целта на предавањето е да се запознаат учесниците со последиците од оваа болест, да ги препознаат причините која ја предизвикуваат, како и можната превенција од истата). 2. Толеранција, дијалог, емпатија’’ 3. ,,Економско јакнење на жените’’, и 4. ,,Заштита од семејно насилство’’

zena 1 zeni