Градоначалникот на Општината, Мукрем Мехмеди, претставници од јавното препријатие за државни патишта, Општината, НП како и значителен број на заинтересирани граѓани зедоа учество на јавната консултација за документи поврзани со заштита на животната средина и социјални аспекти од спроведување на проектот “Рехабилитација на државен регионален пат: Р2235, делница Маврови Анови – Ски центар Маврово” во должина од 6 км. Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со срества од Светска Банка, според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти уште во раната фаза на подготовка на техничката документација се одржуваат јавни консултации со засегнатите страни и локалното население на План за управување на животната средина и социјални аспекти.
jav ank 1 javna anketa