Децата од Видуше наскоро ќе учат во ново училиште

Во село Видуше беше удрен камен темелник за изградба на нова училишна зграда која ќе ги има сите услови за квалитетно одвивање на наставата која ќе ја посетуваат нашите деца од ова населено место!
Градоначалникот Мукрем Мехмеди е оптимист дека училиштето ќе биде изградено до септември, кога и започнува учебната година.
Ова е заеднички проект на Градоначалникот и Советот на Општината со што значително ќе бидат подобрени условите за поуспешно образование!
Ова е уште еден доказ дека подеднакво се води сметка за подобрување на условите за настава на сите ученици во сите училишта на територијата на локалната самоуправа.
Директорот на ОУ Јосип Броз Тито, Реџеп Реџепоски изјави дека во соработка со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и Советот на Општината инвестициите околу подобрување на условите во образовниот процес за нашите ученици ќе продолжат и во понатамошниот период.
Финансиските срества за реализација на овој проект се обезбедени од сопствени приходи на општината.

skolo viduse skolo viduse 1