Select Page

Month: January 2015

екстерно тестирање за матурантите во ростуше

Во Општинското Средно Училиште Маврово – Ростуше, екстерното тестирање за матурантите се одвива непречено и без никакви проблеми. Секој од матурантите полага по два предмета, проверката на постигнувањата ќе заврши до крајот на неделата а резултатите се очекува да се објават во првата недела од месец Февруари.  Оваа година во ОСУ Маврово – Ростуше со екстерно тестирање се опфатени 38 матуранти.  Учениците подготвени и очекуваат добри...

Read More

10’та седница на советот за јавно здравје

Советот за јавно здравје како постојано тело на советот на Општина Маврово и Ростуше ја одржа својата 10’та седница. На седницата се дискутираше за Превенција и заштита од сезонските вирусни заболувања. На оваа тема образложение даде Претседателот на Советот за Јавно Здравје, Мевмед Џафери кој истакна дека се наоѓаме во годишен временски период во кој се зачестени вирусните заболувања како што е грипот, исто така во овој период има појава и на свински грип и за тоа треба навремено да се подготвени како здраствените установи така и самите граѓани да ги почитуваат инструкциите кои ги даваат докторите се со...

Read More

Средба со претседателите на месните заедници

Градоначалникот Мукрем Мехмеди одрржа работна средба со Претседателите на Месните Заедници од населените места каде што подолго време имаше прекин на снабдување со електрична енергија. На средбата беше разговарано за превземените активности од страна на локалната самоуправа во насока на давање правен совет и инструкции за барање надомест на трошоци, за настанатата штета предизвикана од непланираниот и ненајавен прекин во испораката на електрична енергија која траеше повеќе денови. За понатамошните постапки, граѓаните, за повеќе информации може да се обратат кај претседателите на месните...

Read More

Министерот за Транспорт и Врски, Миле Јанакиевски беше во посета на Нашата Општина

Во рамките на посетата оствари работна средба со Градоначалникот Мукрем Мехмеди и претставници на локалната самоуправа, на која средба беше разговарано за реализираните проекти во 2014 како и за проектите кои се во тек на реализација и планираните проекти кои треба да се реализираат во наредниот период во заедничка соработка на Министерството и Општината. По завршувањето на работната средба Министерот Јанакиевски и Градоначалникот Мукрем Мехмеди и официјално го пуштија во употреба целосно реконструираниот водовод во с. Ростуше за кој беше одвоено околу 8,5 милиони денари. -Извршена е целосна реконструкција на водоводната мрежа, со тоа што еднаш засекогаш се решава проблемот со водоснабдување на ова населено место. Беше многу застарена мрежа која беше пред се од азбестни цевки, сега се ставија нови цевки, кои се посигурни и со тоа се минимизира бројот на дефектите и загубата на вода во мрежата. Со овој прокет се решава едно доглогодишно отворено прашање за жителите на Ростуше за што се инвестирани 8,5 милиони денари, изјави министерот Јанакиески, најавувајќи и други проекти со цел подобрување на условите за живот на граѓаните. За првиот човек на Општината, Градоначалникот Мукрем Мехмеди ова е проект од исклучително значење, пред се од здравствен акспект на жителите и секако навремено и редовно снабдување со здрава вода за пиење. -Реализацијата на овој проект е резултат на многу добрата соработка на Општина Маврово Ростуше и Министертството за транспорт и врски. Со пуштањето...

Read More

продолжува Ски сезоната „Маврово 2015“

продолжува Ски сезоната „Маврово 2015“ Ски сезоната „Маврово 2015“ чиј покровител е Градоначалникот Мукрем Мехмеди во соработка со Швајцарската Swisscontact, Ски Центарот и НП Маврово преку проектот Destination Management односно Управување со Туристичка Дестинација кој предвидуваше изработка на стратегија и имплементација на истата за долгорочно развивање на туризмот на целата територија на Општината, продолжува и овој викенд каде што за сите гости ќе биде понудена богата програма со забава за сите туристи-љубители на зимско рекреативните спортови од сите генерации. Во Сабота 17.01.2015 година кај Трифкова колиба, Маврово сите лјибители ќе имаат можност да се забавуваат со концерт на отворено...

Read More
  • 1
  • 2

Информации од Јавен Карактер

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

4-ти Мај 2023

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking