Select Page

Month: October 2014

Активно се работи на уредување и поплочување на околината на мостот Елен Скок

Како резултат од донесените одлуки од состанокот на Управувачкиот Комитет на Пилот Проектот за Локален развој на Дебар и Река кој беше неодамна одржан во просториите на Министерство за Култура- Управа за Заштита на Културно наследство со кој претседаваше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди, активно се работи на реализација на првата етапа од активностите (проекти) од сверата за заштита на културното и природното наследство во Реканско – Дебарскиот регион. Како прв приоритет планирана беше проектна активност со кој беше предвидено „Уредување на околината на мостот Елен скок“ во кое беше предвидено уредување на простотот со калдирма, заштитни дрвени огради, изградба на двa видиковци и расветлување на просторот како и организирање на активност од културно-спортски карактер на денот кога работните активности околу уредувањето на мостот ќе завршат, исто така оваа активност ќе стане дел од календарот на културни активности на двете општини и ќе се организира секоја...

Read More

Проектот „Одбиј работа на црно“

Денеска во просториите на СОУ „Маврово – Ростуше“ во Ростуше се одржа презентација на проектот „Одбиј работа на црно“ што го спроведува Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување на Република Македонија, како и Агенцијата за привремени вработувања „Мотиви“ и општините што се вклучени во овој проект. Целта на овој проект е да се запознаат вработените во училиштата со основните права од Законот за работни односи, Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за агенциите за привремени вработувања, и другите закони од областа на трудот , како и...

Read More

Драмска претстава во ростуша

Ученици од Средното И Основните Општински Училишта како и граѓани од Нашата Општина денес во Домот на Култура во Ростуше имаа можност да ја проследат претставата „Последните Македонци„ во режија на Сашо Миленковски и изведба на Драмскиот Театар Скопје. Претставата е направена во соработка со етномузиколози и музичари и не носи во 2012 година кога, според календарот на Маите, треба да се случи крај на светот. Но тоа не се случува, освен што исчезнуваат Македонците. Останале само шестмина, кои потоа одат на турнеја низ светот и ја раскажуваат приказната на македонскиот народ. Во претставата улогите ги толкува: Сања Арсовска, Биљана...

Read More

Почитувани

Во мое лично име и во име на Советот и администрацијата на Нашата Општина Нека во новата 1436 хиџретска година ви се остварат сите желби, многу здравје, среќа и радост во вашите домови, слога и разбирање меѓу нас, напредок и благосостојба како и соединување на нашите срца кон правење добри дела! Среќна нова 1436 хиџретска година за сите мои пријатели, другари, роднини, соработници, за сите муслимани жители на Општина Маврово и Ростуша, наши браќа, сестри, роднини и пријатели кои се на привремена работа во странство, за сите муслимани ширум светот. Градоначалник на Општина Маврово и Ростуша Мукрем...

Read More

Продолжуваат градежните работи на патот Маврово – Маврови Анови

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди и Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска го посетија градилиштето на регионалниот пат Маврово – Маврови Анови, каде е во тек рехабилитација на патот и санација на свлечиштето. Поставувањето асфлат на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови се предивидува да заврши до крајот на ноември. Од почетокот на работите асфалтирана е половината од делницата, а пешачката патека е речиси готова. Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски при денешната посета на Маврово информира дека досега се комплетирани 2,5 километри, а подготвени за асфлтирање се уште 1,5 километар. Рехабилитацијата на...

Read More

Информации од Јавен Карактер

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

4-ти Мај 2023

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking