Општина Маврово и Ростуше
Почитувани, Во Домот на култура во Ростуше, на ден 29.11.2023, со почеток од 11:00 часот се одржа втората форумска сесија, од проектот Форуми на заедниците. Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Маврово и Ростуше. Целта на проектниот форум е поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата и донесувањето на одлуки на локално ниво. На Втората форумска сесија граѓаните имаа можност да се запознаат со концептите кои беа презентирани од работните групи, кои во...