Група туроператори и новинари од Украина во организација на Aмбасадорот Спасеноски и со поддршка на ХОТАМ и АППТРМ ја посетија Нашата Општина.

Во хотел Алпина беше организирана средба помеѓу Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди и директорот на НП Маврово, Онер Јакупоски со гостите од Украина, на која средба Градоначалникот, Мехмеди ги запозна гостите од Украина со капацитетите и можностите за сместување исто така беа запознаени со можностите за сите алтернативни форми на туризам кој го овозможува Мавровско-Реканскиот регион.
Групата туроператори и новинари од Украина беше воодушевена од патувањето покрај река Радика, една од реките со најубав и најатрактивен кањон како и со многу чиста вода.

mukrem