Уште само неколку дена не делат првиот ECO GREEN FESTIVAL MAVROVO кој генерално е спонзориран од страна на Градоначалникот на општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди.

Тридневниот фестивал ECO GREEN FESTIVAL MAVROVO ќе се одржи од 16-ти до 18-ти август на самиот брег на Мавровското езеро, на познатата локација – игралиштето на село Маврово.

Програмата на фестивалот е разновидна, од егзибициониен натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови и “mountain bike” слалом возење, преку планинарска тура Маврово–Меденица–Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското езеро, до натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, како и спортски риболов на ситна риба на пливка и fly fishing.

Фестивалот ќе понуди презентација на традиционално приготвенити мавровски производи, штандови за оригинални локални ракотворби, сувенири и домашни производи, изложби на стари фотографии од Мавровско рекaнаскиот регион, а фестивалската дебата ќе ја отвори темата – “Развојните перспективи на Маврово, пливање помеѓу желбите, можностите и потребите”. Во детската програма ќе ги видиме најмладите диџеи во Македонија со настапи на детска музика, како и натпревар за деца под 7 години во умешно возење велосипед.

Особено задоволство ни претставува да ви ја обелодениме и музичката програма на фестивалот: DJ Valentino Kanzyani, DJ Sabb, Леб и сол, Летечки пекинезери, Гоце Саф и ЛД Пистолеро, Conquering Lion, Shine, DJ Flooder, DЈ Lephonqe, DJ Iceberg, DJ Мачки, Aliber, Дани Димитровска, План Г, Five fingers band, Чалгија саунд систем, Томи Бојаџи, Igor Iox, DJ Zomax, DJ Brane, DJ Johan и DJ Koks

Последниот ден на фестивалот е предвиден како чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет.

За посетителите на фестивалот организаторот обезбеди бесплатен камп во самата близина на фестивалското случување.

eco festival1

eco festival2