Советот за јавно здравје како постојано тело на советот на Општина Маврово и Ростуше ја одржа својата 9’та седница.

На седницата се дискутираше за Превенција и заштита на здравјето кај мажите.
По оваа тема се донесоа неколку заклучоци, односно дека потребно е да се остврне поголемо внимание од здравствените работници за болеста простата која е се позачестена болест кај мажите. Исто така да се обрне поголемо внимание на болеста ЦА на тестисите. здравствените работници да обрнат поголемо внмимание кај мажите кои се на возраст над 50 години, поради тоа што мажите на оваа возраст имаат дизурисни проблем (проблем со мокрењето).
Беше истакнато дека како причини за појавата на ЦА на тестисите е користењето на модерната технологија која ствара одреден степен на зрачење.
За успешно справување со овие болести потребно е навремено откривање на симптомите и навремено реагирање.
Советот за јавно здравје усвои и две предлог мерки со кои треба да се придржуваат и здраствените работници и пациентите а тоа се:
1. Пациентите да се контролираат редовно од страна на матичните лекари.
2. Пациентите со симптоми да се упатуваат на контрола кај уролог специјалист.
Советото за јавно здравје предложи за наредна седница како тема за работа на Советот за јавно здравје да се разгледа, односно расправа за Влијанието на климатските промени врз здравјето на луѓето.