Со богата културно – уметничка програма од страна на учениците од ОУ Ѓорѓи Пулески од с. Ростуше беше одбележан годинешниот јубилејен патронен празник на училиштето, на чија церемонија присутни беа Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Претседателот на Совет, Неџат Исмаили, директори на јавни препријатија, училишта и наши сограѓани од повеќе населени места. 

Во поздравнит говор се изрази голема благодарност до Градоначалникот, Мехмеди, Советот на Општината и сите жители на Општината за одличната соработка и поддршка што ја даваат на училиштето. А ние како Општина само можеме да им честитаме и заблагодариме за вложениот труд на Директорот и целиот училишен персонал и учениците за постигнатиот успех.