Select Page

Month: September 2014

Бизнисмени од турција во посета на општината

Бизнисмени од различни индустриски гранки, членови на стопанска комора на градот Коџаели – Р. Турција во рамките на посетата на нашата општина имаа работна средба со Градоначалникот Мукрем Мехмеди и Претседателот на Советот, Неџат Исмаили. На средбата беа запознаени со структурата, природните богаства постоечкиот ски центар Маврово, можноста за вложувања во зимскиот туризам, можноста за отворање мали и средни препријатија во лесна и незагадувачка индустрија, како и сите предности кои ги нуди нашата општина за влез на странски капитал преку отворање на планираните индустриски зони кои ќе нудат поволности. Оваа средба претставува уште еден показател за ангажираноста, интензивната работа...

Read More

Работен состанок во ростуше

Во Ростуше се одржа работен состанок помеѓу пртставници од секторот за инспекциски служби на Нашата Општина, претставници од полициското одделение од Ростуше и претставници на угостителски, трговски и транспортни препријатија на тема “Почитување на законот за јавна чистота и законот за забрана од пушење”. На состанокот исто така се разговараше за обврските на угостителите и сопствениците на трговските објекти, обврските кои ги имаат граѓаните, градежните фирми како и транспортните препријатија кои ги носат градежните материјали како и градежниот шут до депониите кои се одредени од страна на Советот на Општината. Заштита од сечење и пустошење на шуми, безбедност во...

Read More

Одржана стручна презентација 

Во општинската зграда во Ростуше пред повеќе правни и физички лица беше одржана стручна презентација и јавна анкета за Нацрт- „ЛУПД за градежна парцела на КП бр. 1570 КО Ростуше, со намена – големи трговски единици-пазар“. ЛУПД е со опфат од 2693 м2 и е предвидена со следните намени: Б2-големи трговски единици-пазар и Е1-комунална инфраструктура – паркинг. Од страна на присутните беа поставени неколку прашања околу начинот на снабдување со електрична енергија на комплексот и евентуалните проблеми околу пристапот до пазарот, земајќи ја во предвид блискоста на објектот со регионалниот пат Маврово – Дебар и пристапот до спортско рекреативниот...

Read More

Мавровско – реканскиот крај посакувана туристичка дестинација

Градоначалникот, Мукрем Мехмеди учествуваше на работилница во Хотел Бистра – Маврово со која се означи почетокот од првата фаза од имплементација на проектот Destination Management, односно изработка на стратегија како Мавровско – реканскиот регион да стане посакувана туристичка дестинација преку цела година, односно изработка на стратегија за долгорочно развивање на туризмот на целата територија на Општината. Проектот ќе се реализира во соработка со Швајцарската Swiscontact преку нивни консултанти со огромно искуство во развој на планински дестинации во Швајцарија, Агенцијата за поддршка на туризмот РМ, Универзитетот за Туризам, Хотам и други чинители кои би дале свој придонес за успешна реализација...

Read More

Средба во маврово

Во Маврово започна 11. Годишна средба на граѓански организации од РМ кои работат на полето на животна средина и одржливиот развој. Средбата се одржа во рамки на проектот на Усаид за општински стратегии за климатски промени, кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија, а ја организира Македонскиот зелен центар. На отворањето на средбата на присутните им се обрати Џејмс Стајн, директор на мисијата Усаид Македонија, а свои поздравни обраќања имаа и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Игор Славковски извршен директор на Милиеуконтакт Македонија, и Методија Саздов, претседател на Македонскиот Зелен Центар. Во рамки на оваа годинешна средба учествуваа градоначалници и овластени претставници од...

Read More

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

Формулари

4-ти Мај 2022

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking