Select Page

Month: August 2014

Избрана најдобрата пита на питијадата – 2014

Во рамките на манифестацијата ,,Летен културен бран 2014“, што го организира Општина Маврово и Ростуша , во Ростуша се одржа и изборот на најдобрата Мавровско – Реканска пита. Учество зедоа над 50-тина учеснички од оваа општина, жири комисијата за најдобра пита ја избра питата што ја подготви Азизе Мирто од Ростуша.Манифестацијата ја отвори Градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој нагласи дека оваа активност има за цел промовирање на одличното приготвување на храна особено реканските пити кои ги приготвуваат домаќинките од овој крај, како и развивање на туризмот во Нашата Општина. Во рамкиите на оваа активност голем број на туристи од земјава...

Read More

Летен културен бран

Годинешното издание на избор на реканско-мавровска пита како дел од програмата „Летен културен бран“, која Општина Маврово и Ростуша ја организира четврта година по ред ќе се одржи на 23 Август (Сабота) во...

Read More

Заврши првата фаза превентивна дезинсекција 

Специјализирана екипа на Центарот за јавно здравје ја спроведе првата фаза превентивна дезинсекција против комарци на територијата на Општина Маврово и Ростуша. Прскањето се одвиваше од земја, во периодот од 20 часот до 7 часот наутро. Беа опфатени зелените површини, населените места и други претходно одредени локации во општината. Пчеларите ги заштитија пчелите во периодот на запрашување, односно ги превзедоа потребните мерки за да избегнат евентуални последици по пчелните семејства. Дезинсекцијата на подрачјето на Маврово и Ростуша се спроведе со одлука на локалната самоуправа која ги обезбеди финансиските срества за превентивната...

Read More

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ОПШТИНА МАВРОВО

ОПШТИНА МАВРОВО ПОД-ПРОЕКТ „РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ОПШТИНА МАВРОВО“   Општина МАВРОВО преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „реконструкција и изградба на улично осветлување во општина Маврово “. Имплементацијата на проектот предвидено е да трае 12 месеци. Проектот предвидува :Делница за осветлување меѓу Ростуше мост и локалитетот наречен ” Зад Чука ”  и  делница осветлување меѓу Жировнички мост и млекара ” Болетин”. Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во Проектниот докумет кој во електронска форма може да го пронајдете на следниов...

Read More

започна рехабилитацијата на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови 

Со поставувањето на првите метри асфалтен слој, во близина на големите паркинзи, беше означен почетокот на работите на рехабилитацијата на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови. Вредноста на овој, за Маврвоскиот регион, важен инфрстаруктурен зафат, изнесува над 76 милиони денари (1,2 милион евра), средства обезбедени од заем од Светска Банка. Од Јавното Претпријатие за Државни Патишта информираат дека до февруари идната година, ова ќе биде сигурна и безбедна сообраќајница. – Проектот предвидува замена на стариот асфалтен слој со нов на делници каде ширината е 6 метри, а на делниците каде ширината е помала и соодветно проширување. На одредени делови ќе се прават и пешачки патеки за да се постигне поголема безбедност во сообраќајот, изјави Љупчо Георгиевски директор на ЈП за државни патишта. Тесното сообраќајно грло на обиколниот пат околу Мавровското Езеро ќе биде минато, смета Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуша, Мукрем Мехмеди, кој нагласи дека со реконструкцијата и проширувањето се очекува да се подобри туристичката понуда и животот на жителите во мавровскиот регион. – Ова е исклучително значаен зафат со кој и жителите и туристичките работници ќе имаат корист, подвлече...

Read More
  • 1
  • 2

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

Формулари

4-ти Мај 2022

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking