Select Page

Month: July 2014

известување

За потребите на граѓаните за што подобро и поефикасно функционирање на сообраќајот во населените места низ Нашата Општина по барање на Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Советот на Општина Маврово и Ростуша ја донесе следната : о д л у к а   За времено регулирање на режимот на сообраќајот во дел од населените места на Општината Член 1 Во периодот од 25.Јули до 31.Август. за секоја календарска година се спроведува времена промена на режимот на сообраќајот, односно ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ВОЗИЛА на дел од сообраќајните површини во следните населени места: 1. Во с.Жировница на патот од паркот на споменикот...

Read More

Деветта средба “Ден на одгледувачите на овци и кози”

На 03 Август (недела) на падините на Бистра, Маврово и оваа година традиционално по деветти пат ќе се оддржи манифестацијата “Ден на одгледувачите на овци и кози” под подкровителство на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, Регионалното здружение на одгледувачи на овци и кози од западна Македонија, Општина Маврово и Ростуша, Факултетот за земјоделски науки и храна и Националниот парк Маврово. На манифестацијата ќе се одржат натпревари во-молзење овци-стрижење овци -оцена на традиционални сирења произведени на фарма -изложба на локални соеви на овци -изложба на кучиња од расата шарпланинец -културно забавна програма. како и на крај на заеднички ручек сите...

Read More

Заврши 41-тото издание на Галичка свадба

Со венчавка на годинашните брачни парови Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарите Ивановска заврши 41-тото издание на Галичка свадба. Годинава, во двата дена на манифестацијата, присуствуваше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди и околу три илјади гости од сите краишта на државата како и гости од соседните држави кои имаа можност да видат дел од вековната традиција. „Догодина нека има уште повеќе, ние да ги подготвуваме. Нека има не само две, туку три, четири и повеќе свадби“, изјави Маргарита Ивановска – невеста. „Што повеќе да се множат, да имаат многу дечиња, што повеќе да ни се зголемува наталитетот и нацијата“, посакува Стефан Кукоски – младоженец. „Јас сум израсната со овие адети и ми беше желба да правам Галичка свадба“, вели Ана Гаревска – невеста. „Се снајдов, ми помагаа многу луѓе, се си беше под контола. Си учев, си читав за Галичката свадба“, раскажува Иван Сариески – младоженец. И годинава, пред чешмата Упија и низ селските сокаци можеа да се видат раскошните носии, а со звуците на дебарските мајстори на тапанот и зурлата, беа изиграни ората: тешкото, невестинско,...

Read More

Втор eco green festival mavrovo

Уште само еден ден не дели од вториот ECO GREEN FESTIVAL MAVROVO кој настан, генерално е спонзориран од страна на Општина Маврово и Ростуша. Оваа година содржините на фестивалот се во зголемен број, а активности ќе има за сечиј вкус. Така, во петок на самиот стaрт од фестивалот е закажана презентацијата и дегустацијата на традиционално приготвените пити и млечни производи од Mавровско – Реканскиот крај, а во истовреме ќе биде организиран и пречекот на камперите на локацијата одредена како камп-зона, близу до сцената, која оваа година ќе биде позиционирана на тревникот пред ски-терените. Во попладневните часови ќе стартува музичкиот...

Read More

два пара на галичката свадба

Само неколку денови не делат од Четириесет и првата по ред Галичка свадба која оваа година ќе започне на 12 јули, со што ќе биде означен почетокот на која за прв пат оваа година на Галичката сведба ќе се венчаат два пара. Во брак ќе стапат брачните парови Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарите Ивановска. Покрај Министерството за култура на Р.Македонија и Општина Маврово и Ростуша е еден од покровителите на оваа традиционална манифестација. Свадабата обединува над 30 свадбени обичаи карактеристични за овој крај од кои повеќето и денес се изведуваат и на другите свадби. Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи. Пет дена пред Петровден се собира папрат и јаворово дрво од кои во дворот на младоженецот се прави колиба во која се сместуваат тапанџиите кои доаѓаат од Дебар. На две вечери пред Петровден се реди бајракот. Редењето се врши на свечен начин во присуство на гости кои се поканети да дојдат на обичајот редење на бајракот. Гостите се гоштеваат и околу полноќ почнуваат со неговото украсување со разни цвеќиња. Во таа прилика девојките пеат пригодни песни за неговото...

Read More

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

Формулари

4-ти Мај 2022

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking