Select Page

Month: June 2014

почувствувај го здравиот рурален живот

Градоначалникот Мукрем Мехмеди и претставници на Федерацијата на Фармери (ФФРМ) го посетија бачилото на планината Бистра во сопственост на Шабан Нануди,  Исто така во присуство на голем број гости во хотел Срна во Маврово беше извршена дегустација на овчо сирење од локални произведители од нашиот регион. Овој настан беше организиран во рамките на проектот “Почувствувај го здравиот рурален живот” кој е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија 2007- 2013, спроведуван од страна на Федерацијата на Фармери (ФФРМ) како водечки партнер и Албанскиот Земјоделски Совет (КАСХ). Целта на проектот е да придонесе кон подобрување на социо-економскиот статус и благосостојбата на руралното население во пограничниот регион (поконкретно, регионите Полог и Пелагонија од Македонска страна и регионите Дибра и Елбасан од Албанска страна) промоција на постоечките традиционални производи, но и подобрување на понудата за рурален туризам на пограничните региони како атрактивни дестинации. На настанот присутните имаа можност да се запознаат со начинот на чување на овци од полошкиот регион и традиционалниот начин на производството на сирење во мандра, лоцирана во прекрасна рурална средина на планината...

Read More

Се асфалтира локалниот пат до жировница

Втор ден како се асфлатира локалниот пат (од регионален пат Маврово – Дебар до спортското игралиште во долно маало) кој води до населеното место Жировница. Општина Маврово и Ростуша во соработка со Министерството за Финансии почна со реализација на овој инфраструктурен проект од кој се очекува значително подобрување на условите за сообраќај на овој патен правец . Сите градежни активности одат во согласност на нормите и обврските кои произлегуваат од самиот проект.Решавањето на главните инфраструктурни проблеми е во насока на заживување и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места во...

Read More

Среќен и бериќетен месец рамазан

Месецот Рамазан е месец во кој е објавен Куранот како Патоказ за луѓето, Одделувач на вистината од невистината. Па, кој од вас ке се најде во тој месец – нека пости тие денови…” (Ел Бекаре: 185) Драги верници, браќа и сестри, Му благодариме на Возвишениот Алах кој уште еднаш ни овозможи да го доживееме благословениот месец Рамазан, да ги доживееме благословените и светли денови и ноќи на овој величенствен месец. Во месецот Рамазан започна објавата на Чесниот Куран, објавата на најубавите мисли кои што јасно ги разграничуваат вистината од лагата, доброто од лошото, убавото од грдото. Браќа и сестри тука и во дијаспората, Вам и на вашите семејства нека ви е среќен и бериќетен Благословениот месец Рамазан и заедничко да го моламе Возвишениот Алах за да го прими од нас постот, и за тоа, Тој да не награди со своите неогранични награди. Општина Маврово и Ростуша Градоначалник Мукрем...

Read More

Потпишан меморандум за соработка

Како резултат на успешна соработка на Комисијата за Родова Еднаквост при Нашата Општина со други асоцијации и тела во земјата и странство, како и вклученоста во тековниот проект за зајакнување на капацитетите на советничките на локално ниво кој го спроведуваат Институтот Евро Балкан и Македонското Женско Лоби со поддршка од UN Women. Општина Маврово и Ростуша заедно со уште девет општини станаа дел од нов регионален проект. Градоначалникот, Мукрем Мехмеди потпиша меморандум за соработка на проект за ”Промоција на родово одговорни политики и буџети во Југоисточна Европа”. Носител на проектот е UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените. Проектот е дизајниран како регионална иницијатива која опфаќа неколку земји со цел да се овозможи регионална соработка, координација во унапредување на родовата еднаквост како и да се промовира размена на иновативни идеи, практики и знаења поврзани со Родово Одговорно Буџетирање. Проектот опфаќа две компоненти, втората компонента се однесува на активности на локално ниво во Македонија. Проектот придонесува кон имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите, имплементација на Владината стратегија за родово одговорно буџетирање (2012 – 2017) , национална стратегија за родова еднаквост (2013 – 2016) , локалните стратегии и акциски планови за родова еднаквост како и исполнувањето на обврските за воведување на Родово Одговорно Буџетирање предвидени со буџетскиот циркулар за корисниците на буџетот на централно...

Read More

Ажурирање на податоците во катастарот на недвижности 

Општина Маврово и Ростуша ги известува носителите на правата на недвижностите кои останале со незапишани права во катастарските општини Болетин, Видуша, Жировница и Требиште, дека Агенцијата за Катастар на Недвижности отпочнува со постапка на ажурирање на податоците во катастарот на недвижности. Носителите на правата во периодот од 2 јуни до 29 август 2014 година, од 8.30 до 16.30 часот, во просториите на подрачното одделение за катастар на недвижности во Гостивар, ул. Мајор Чеде Филиповски бб, потребно е да поднесат пријава за ажурирање за податоците за недвижностите. Пријава во електронска форма можат да ја подигнат од официјалната веб-страница на Агенцијата www.katastar.gov.mk и електронски да ја достават на имејл адресата m.bajrami@katastar.gov.mk За дополнителни информации можете да се обратите и на телефонскиот број на подрачното одделение за катастар на недвижности Гостивар 042 213 066.....

Read More

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

Формулари

4-ти Мај 2022

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking