Select Page

Month: April 2014

Започнаа градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во Ростуша

Започна првата фаза на реализација на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Ростуша, како еден од главните приоритети на Општината. Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија за овој проект за изградба на водоводната линија во с.Ростуше одвои 11.000.000,оо денари. Целта на проектот е да се изврши реновирање на дотраената и застарена водоводна мрежа од резервоарот до крајните корисници во ова населено место. Ростуша е седиште и едно од поголемите и најпосетени места во Нашата Oпштина. Со реализацијата на овој проект ќе се подобри квалитетот на водата, ќе се реши проблемот со губитоци на вода а...

Read More

Амбасадорот на Р. Италија во Македонија

Амбасадорот на Р. Италија во Македонија, Ернесто Массимино Беллелли денес беше во работна посета на Нашата Општина.Амбасадорот, Ернесто Массимино Беллелли оствари работна средба со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, на средбата присуствуваа и државниот секретар во Министерството за Локална Самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска како и претставници од бирото за регионален развој.на средбата Градоначалникот, Мукрем Мехмеди ги информира за активностите на локалната власт, за актуелната економска состојба, за можностите кои ги нуди општината за влез на странски капитал се со цел да се отворат нови работни места, за меѓусебната поврзаност помеѓу нашиот регион и Р. Италија преку нашите сограѓани кои се на...

Read More

Во Ростуше отворена рурална аптека

Во Ростуше отворена рурална аптека која е една од 73 те аптеки кои добија лиценца за аптека во рурални средини од 1000 до 3500 жители.Станува збор за олеснети услови за отворање на аптека, намалени трошоци, затоа што не треба да има фармацевт и техничар, туку само техничар. Исто така, предвидено е во овие аптеки кои се отвораат да бидат во рамки на мрежата на здравствени установи односно трошоците за овие аптеки да бидат покриени од ФЗОМ. Тоа е една мерка која што на прв поглед е принудна, меѓутоа во секој случај станува збор за добро обмислена мерка која има своја подлога во поголем број на европски земји. Аптеката ќе работи од Понеделник до петок од vreme od 7:30 – 16:00 и сабота од 8:30-...

Read More

Брзо одстранет земјениот шут на локалниот пат Велебрдо – Требиште

После обилните дождови и врнежи од снег кои го зафатија нашиот регион, на локалниот пат Велебрдо – Требиште имаше одрон од земјен шут со кој беше прекинат сообраќајот на овој правец. Општината преку ангажирање на фирма успеа за нецели триесеттина минути да го одстрани шутот и го пушти патот во...

Read More

Ученици од Стојаковци – Скопско на посета во Жировница

Ученици од Основното Училиште “Кирил и Методиј” од с. Стојаковци – Скопско во рамки на проектот Отворени Футбалски Школи беа гости на Учениците од Основното Општинско Училиште “Јосип Броз Тито” од Жировница. Во спортската сала Македонија која е дел од Спортско Рекреативниот Центар “РАДИКА” ученици од двете училишта се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, но пред се учениците најрадосни беа на меѓусебното запознавање и другарување. Градоначалникот Мукрем Мехмеди на учениците од Стојаково – Скопско им посака срдечно добредојде, пријатни мигови и уживање во нашиот...

Read More

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

Формулари

4-ти Мај 2022

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking