Select Page

Month: November 2013

Уличното осветлување

Уличното осветлување во нашата општина е една од сферите во кои во изминативе 5 години е направен забележителен прогрес. Од статистиката со која располага Општината, изминативе 5 години се заменети сите живини сијалици со енергетско ефикасни сијалици со што се добива заштеда во електрична енергија до една третина. Во сите населени места старите арматури се заменети со нови, поставени се значителен број на нови бандери и канделабри. На месечно ниво на целата територија на општината се менуваат над 250 светилки. Најновата инвестиција, која е реализирана во нашата општина од страна на Јавното препријатие за државни патишта во координација со...

Read More

Градоначалникот Мехмеди на работни средби во Трст, Копер и Пула

Во рамките на студиското патување на градоначалници од Р. Македонија на тема регионалниот развој на Италија, Словенија и Хрватска во погранична соработка за стекнување и размена на искуства за подготовка на проекти за искористување на ИПА средствата од Европските фондови наменети за западен балкан во која спаѓа и нашата држава, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди е на работна посета на Р. Италија и Р. Словенија и Р. Хрватска каде учествуваше на работни состаноци во градовите Трст, Копер и Пула со колеги и експерти од ЕУ. Во Трст, Италија градоначалникот учествуваше на презентација на Италјанскиот пристап на...

Read More

Од работните средби на Регионална Програма За Културно и Природно Наследство Во Југоисточна Европа

Од работните средби на Регионална Програма За Културно и Природно Наследство Во Југоисточна Европа Во просториите на административниот центар на Општината се оддржа работна средба за заштита на културното и природно наслество во нашата општина, помеѓу претставници од секторот за локален економски развој на општината, бизнис секторот од нашата општина со проектниот лидер на Пилот Проектот За Локален и Регионален Развој во Република Македонија г-ѓа Ан Пизо, Дејвид Џонсон експерт од Советот на Европа, Томас Де Вос проектен асистент претставник од Советот на Европа, Борче Николовски програмски координатор како претставник од Министерството за Култура на РМ, Орхидеја Зорова проектен...

Read More

Туроператори и хотелиери од различни региони од Русија во посета на нашата општина

Како дел од програмата за промовирање на туризмот на нашиот регион како еден од главните приоритети на градоначалникот Мукрем Мехмеди, група туроператори и хотелиери од различни региони од Русија денес и утре се во посета на нашата општина каде ќе имаат можност да ги посетат најатрактивните локалитети во нашиот регион со што истите ќе ги нудат на своите клиенти во своите региони во Русија. Со зголемување на туристи и посетители на нашата општина придобивки ќе имаме сите ние кои живееме на овие простори. Во хотел Макпетрол беше организиран работен ручек помеѓу претставникот на општината одговорен за локалниот економски развој,...

Read More

Зоран Коњановски заедно со градоначалникот на Општина Маврово

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски заедно со градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди ја посетија компанијата „Бај Милк“ која е единствен капацитет за произвоство на млечни производи во нашиот регион, чија инвестиција е вредна милион евра, со вкупна површина од 1.600 метри квадратни и со капацитет од 15 тони млеко дневна преработка, произведува кашкавал, биено сирење и урда. Работата на компанијата „Бај Милк“ е многу значајна за реканскиот крај. Радува фактот што постои зголемен интерес за инвестирање во овој регион. Тоа е од голема важност за нас и за локалната власт, но пред се...

Read More

Информации од Јавен Карактер

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

4-ти Мај 2023

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking