Select Page

Month: June 2013

Културно наследство

ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУША   Oпштина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Македонија, погранична општина, на запад се граничи со Албанија, а на северозапад со Косово, зафаќа површина од 682 km2 и е една од трите територијално наголеми општини во нашата држава. Главна одлика на оваа општина е ридско-планинската структура на земјиштето, со 42 населени места – селски населби, со релативно мала населеност по км2. Релјефот, климата, местоположбата, културните и природните богатства ја прават општината вистинска туристичка атракција за поширокиот регион, а сето тоа е причина повеќе да биде посетувана како од домашни, така и од странски туристи. Позначајни туристички објекти кои се наоѓаат на територијата на оваа општина, а вредни да се споменат се: Мавровското езеро, реката Радика, водопадите Дуф, Бојков Кладенец, ледничко езеро Локув, планините Кораб, Бистра, Крчин и Дешат, пештерите Шаркова дупка, Алилица, Калина дупка и уште многу други непомалку значајни туристички атракции. Седиштето на општината се наоѓа во с.Ростуше. Нејзината организациона поставеност се изразува преку три сектори и тоа: Сектор за урбанизам, комунални дејности, туризам, угостителство и заштита на животната средина; Сектор за финансирање, буџет и локален развој и за администрирање на приходи и Сектор за нормативно-правни, општи и адимистративни работи и за јавни дејности; со интенција за понатамошно зголемување на нивниот број со што би се опфатиле сите сфери на човековиот живот, а со тоа и би се задоволиле во целост...

Read More

Портфолио на општината

Портфолио на општината Општина Маврово и Ростуша се наоѓа  во западниот дел на Р.Македонија со седиште во с.Ростуше и зафаќа површина од 682 км2, со население од 8618 жители кои живеат во 42 населени места. Според Законот за локална самоуправа(Сл.весник на Р.М. бр.5/2002 година) надлежности на општината се: -Убанистичко(рурално) планирање; кое подразбира издавање на одобрение за градби од локално значење, изработка на урбанистичко-планска документација за населени места, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште, -Заштита на животна срединаи природа – презема мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и почвата со издавање на посебни дозволи за вршење на одредени дејности , – Локален економски развој и туризам; планирање, водење на локална економска политика, поддршка и развој на мали и средни претпријатија со превземање на конкретни активности за подобривање на локалната бизнис клима и афирмирање на локалните мали и сдрени претпријатија и туристичките работници, – Комунални дејности – снабдување со вода за пиење , одведување и пречистување на отпадните води,  одржување и изградба на јавно осветлување, одржување, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, регулација на речни корита, уредување на просторот за паркирање, одржување  на локланите патишта во зимски услови, отстранување на снег и слично, – Култура  – негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности специфични за реканскиот и мавровскиот крај и организиарањње на поголем број културни манифестации, – Спорт и рекреација...

Read More

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

Формулари

4-ти Мај 2022

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking