Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на оппштина Маврово и Ростуша го дава следново

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање Јавна Презентација и Јавна Анкета по Нацрт- ЛУПД за гр.парцела на КП 1570 КО Ростуше, големи трговски единици – Пазар

Општина Маврово и Ростуше

 

 

 

 

Општина Маврово и Ростуша за Нацрт- „ЛУПД за градежна парцела на КП бр. 1570 КО Ростуше, со намена – големи трговски единици-пазар“  ќе спроведе Јавната Анкета во периодот од 22.09. до 29.09.2014 год. , Стручната презентација на Нацрт-планот ќе се одржи во општинската зграда во с.Ростуше на ден 23.09.2014 год. со почеток во11 часот.

ЛУПД  е со опфат од 2693 м2 и е предвидена со следните намени: Б2-големи трговски единици-пазар и Е1-комунална инфраструктура – паркинг.

Границата на плански опфат на ЛУПД е дефинирана на следниот начин:  од север и од југ е дефинирана со границите на КП бр. 1570 , на исток со регионалниот пат за Дебар а на запад претставува замислена линија на ~ 80 м од регионалниот пат кон запад – согласно графичкиот прилог .

Јавната анкета ќе се спроведе со изложување на нацрт-урбанистичкиот план во горенаведениот период во просториите на Одделението за урбанизам на Општина Маврово и Ростуше – во Маврови Анови   и   во просториите на Општината во с.Ростуше .

 

Сите заинтересирани физички и правни лица доколку имаат забелешки на изложената нацрт-ЛУПД, истите може да ги достават на Анкетни ливчиња до општина Маврово и Ростуше – Одделение за урбанизам – М.Анови, во периодот на времетраење на Јавната анкета, во писмена форма .

 

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и член 50 од Законот за локална самоуправа  (Службен Весник на Р.М бр. 5/02), Градоначалникот на оппштина Маврово и Ростуше донесе

 

 

О Д Л У К А

За организирање Јавна Презентација и Јавна Анкета по Нацрт-ЛУПД за г.п. на КП 1570 КО Ростуше, големи трговски единици-пазар

Општина Маврово и Ростуше

 

член 1

Со оваа Одлука се организира Јавна презентација и Јавна анкета за донесување на ЛУПД за градежна парцела на КП бр. 1570 КО Ростуше, со намена – големи трговски единици-пазар, Општина Маврово и Ростуше.

ЛУПД  е со опфат од 2693 м2 и е предвидена со следните намени: Б2-големи трговски единици-пазар и Е1-комунална инфраструктура – паркинг.

Границата на плански опфат на ЛУПД е дефинирана на следниот начин:  од север и од југ е дефинирана со границите на КП бр. 1570 , на исток со регионалниот пат за Дебар а на запад претставува замислена линија на ~ 80 м од регионалниот пат кон запад – согласно графичкиот прилог .

Нацрт-ЛУПД е изработена од „Урбан План “ Тетово со техн. бр. 8-1/14 од 08.2014 год.- ревидиран од страна на „Пологпроект Про“ Гостивар – бр.0307-29/1 од 12.09.2014 год. и дадено Стручно мислење УП 1 бр. 09 – 51 од 15.09.2014 год. од страна на Општинската „Комисија за давање мислења по нацрт урбанистичките планови“.

член 2

Јавната анкета ќе се спроведува во периодот од 5 дена и тоа од 20.09. до 27.09.2014 год., а стручната презентација ќе се одржи во општинската зграда во с.Ростуше на ден 21.09.2014 год. со почеток во 11 часот .

Јавната анкета ќе се спроведе со изложување на нацрт-ЛУПД во горенаведениот период во просториите на одделението за урбанизам на општина Маврово и Ростуше во Маврови Анови и во општинската зграда во с.Ростуше.

член 3

Соопштението за организирање на Јавната анкета и Јавната презентација да се објави во две јавни гласила пред отпочнување на Јавната анкета , согласно закон .

член 4

Сите физички и правни лица своите забелешки на изготвената нацрт-ЛУПД може да ги достават до општина Маврово и Ростуше во периодот на времетраење на Јавната анкета во писмена форма , на анкетни ливчиња.

По спроведување на Јавната анкета и Јавната презентација , Градоначалникот на Општината ќе формира Анкетна комисија за разгледување на приговорите од Јавната анкета и стручната презентација . Анкетната комисија ќе изготви Извештај од Јавната анкета и Јавната презентација за сите пристигнати забелешки со образложение за неприфатените забелешки   !

член 5

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето а ќе се објави во Службен гласник на општина Маврово и Ростуша !

 

УП 1 бр. 09 – 51                                                                             Општина Маврово и Ростуша

17.09.2014 год.                                                                                                     Градоначалник

Мукрем Мехмеди

 

 

SINTEZEN PAZAR Rostuse LUPD- Views

Anketen List

 

Општина Маврово и Ростуша