Месецот Рамазан е месец во кој е објавен Куранот како Патоказ за луѓето, Одделувач на вистината од невистината. Па, кој од вас ке се најде во тој месец – нека пости тие денови…” (Ел Бекаре: 185)

Драги верници, браќа и сестри, Му благодариме на Возвишениот Алах кој уште еднаш ни овозможи да го доживееме благословениот месец Рамазан, да ги доживееме благословените и светли денови и ноќи на овој величенствен месец.
Во месецот Рамазан започна објавата на Чесниот Куран, објавата на најубавите мисли кои што јасно ги разграничуваат вистината од лагата, доброто од лошото, убавото од грдото.
Браќа и сестри тука и во дијаспората, Вам и на вашите семејства нека ви е среќен и бериќетен Благословениот месец Рамазан и заедничко да го моламе Возвишениот Алах за да го прими од нас постот, и за тоа, Тој да не награди со своите неогранични награди.

Општина Маврово и Ростуша
Градоначалник
Мукрем Мехмеди ramazanski posti