Советот за јавно здравје како постојано тело на советот на Општина Маврово и Ростуше ја одржа својата 10’та седница.

На седницата се дискутираше за Превенција и заштита од сезонските вирусни заболувања. На оваа тема образложение даде Претседателот на Советот за Јавно Здравје, Мевмед Џафери кој истакна дека се наоѓаме во годишен временски период во кој се зачестени вирусните заболувања како што е грипот, исто така во овој период има појава и на свински грип и за тоа треба навремено да се подготвени како здраствените установи така и самите граѓани да ги почитуваат инструкциите кои ги даваат докторите се со цел граѓаните бидат позаштитени.

Советот за Јавно Здравје предложи да биде информирано населението за превземање на следните мерки како превенција: 1. Почесто проветрување на просториите каде дневно се престојува. 2. Избегнување на масовни собири 3. Зачестено пиење на течности 4. Користење на витаминска храна. 5. Навремено пријавување кај матичните лекари при појава на симптоми за грип 6. Матичните лекари почесто да ги посетуваат и контролираат заболените. 7. Лекарите доколку забележат појава на свински грип веднаш да ги известат здравствените центри.