Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Маврово и Ростуше, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 08.06.2022 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ХУМАНА ОПШТИНА”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Гостивар.

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
  • Млади лица до 29 години;
  • Лица постари од 50 години;
  • Лица корисници на гарантирана минимална помош;
  • Самохрани родители;
  • Родители на деца со пречки во развојот.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Негуватели за стари лица

Позиции за работно место 1:  5 (одобрени се 5-пет работни места за негуватели за стари лица.

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: Минимум завршено основно образование, предост има ако има завршено средно образование.

Активни Баратели на работа.

Опис на работните задачи: Нега, обезбедување на здравствени и други услуги на стари, болни и изнемоштени лица.

Работно место 2: Негуватели за лица со попреченост

Позиции за работно место 2: 4 (одобрени се 4-четири работни места за негуватели на лица со попреченост.

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Минимум завршено основно образование, предност има ако има завршено средно образование.

Активни Баратели на работа.

Опис на работните задачи: обезбедување услуги за грижа за лицата со попреченост.

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гостивар во периодот од 08.06.2022 година до 16.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Маврово и Ростуше и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Маврово и Ростуше кај лицето Емир Емрулаи моб. 078560287, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гостивар  кај лицето Мубера Јонузи моб. 070532124,  Центар за социјлна работа Гостивар кај лицето Емир Сулејмани моб 072559488.

                                                                                                              ГРАДОНАЧАЛНИК