РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЈАВНО ПРЕПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА
ЈАВЕН ПОВИКА ЗА
УЧЕСТВО ЗА ЈАВНАТА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ДОКУМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ ОД СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДРЖАВЕН РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р2235, ДЕЛНИЦА: МАВРОВО АНОВИ – СКИ ЦЕНТАР МАВРОВО”
Јавното препријатие за државни патишта ја известува заинтересираната јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација на државен регионален пат Р2235, делница: Маврово Анови – Ски Центар Маврово”, во должина од околу 6 км. Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со срества од Светска Банка, според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти уште во раната фаза на подготовка на техничката документација ќе се одржат јавни консултации со засегнатите страни и локалното население на План за управување на животната средина и социјални аспекти.
Наведените документи се достапни на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Маврово и Ростуша, како и на следните веб страници www.roads.org.mk и

Јавната консултација за горенаведените документи за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во хотел Срна на 07.03.2014 година (петок) со почеток во 15:00 часот.
Забелешки и/ или коментари по однос на документите може да се достават на самата јавна презентација и/ или во писмена форма најдоцна до 10.03.2014 година на следната адреса:
Јавно препријатие за државни патишта
Ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје
Лица за контакт:
Јавно препријатие за државни патишта
Сашка Богданова Ајцева
Тел: 02/3118 044 лок.135, E-mail: saska@roads.org.mk
Општината Маврово и Ростуша
Кирко Ѓуковски
Тел: 075 380 139, E-mail: kirkodzukovski@yahoo.com