Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди на сите граѓани од Нашата Општина како и на сите граѓани од Нашата Татковина им го честита 8-ми Септември Денот на Независноста на Република Македонија посакувајќи Европска перспектива за сите граѓани. 
Република Македонија утре одбележува 23 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“

mk