На 21 ноември во Домот на култура во с.Ростуше, општина Маврово и Ростуше, со почеток во 12 часот ќе се одржи отварањето на изложбата на фотографии на културното наследство од регионот на Дебар и Река. Фотографиите  беа направени во рамки на активностите кои ги реализира Пилот проектот за локален развој на Дебар и Река и учествуваа на овогодинешните Европски денови на културното наследство кои се одржаа од 19 до 27 септември 2013 година. Сите се дела на учениците на општините Маврово и Ростуше и Дебар кои во голем број одговорија на иницијативата за фотографирање на културното наследство. Фотографиите учествуваа и на “Меѓународниот конкурс за фотографија на тема од културното наследство“ во координација на НУ Музеј на Макеоднија. Делото на ученичката Анеса Веапи од С.О.У „Маврово-Росутше“, мостот Елен Скок,  ја доби првата награда и ќе ја претставува Република Македонија на Европските денови на културното наследство во Барцелона, Шпанија. На изложбата ќе бидат презентирани одбрани фотографии од сите ученици. Изложбата ќе ја отвори Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Г-дин Мукрем Мехмеди.

kopru_MiR