Во рамките на програмата на „Форумите во заедницата“ во с.Ростуше во ресторантот „Центар“ се одржа четвртата по ред форумска сесија на која се разговараше за 7 (седум) буџетски програми и од која произлегоа голем број на предлог проекти иницирани од потребите на локалното население на општината.

Главна цел на програмата е да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Форумот претставува платформа за развој којашто цели кон тоа

–       граѓаните да го подобрат сопствениот живот, со сопствени идеи и учество и а

–       администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува.

Наредната петта и последна сесија за оваа година ќе се одржи на ден 04.12.2014 година во хотел „Срна“ во с.Маврово на која се поканува локалното население да земе учество.

ro 1 ro 2 ro 4 ro 8