Ученици од Основното Училиште “Кирил и Методиј” од с. Стојаковци – Скопско во рамки на проектот Отворени Футбалски Школи беа гости на Учениците од Основното Општинско Училиште “Јосип Броз Тито” од Жировница.

Во спортската сала Македонија која е дел од Спортско Рекреативниот Центар “РАДИКА” ученици од двете училишта се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, но пред се учениците најрадосни беа на меѓусебното запознавање и другарување. 
Градоначалникот Мукрем Мехмеди на учениците од Стојаково – Скопско им посака срдечно добредојде, пријатни мигови и уживање во нашиот регион. 

zirovnica 1 zirovnica zirovnica 3 zirovnica 2