Учениците од СОУ Маврово-Ростуша започнаа со презентирање на проектните задачи
Учениците од четврта година од Средното Општинско Училиште Маврово-Ростуша започнаа со полагање на државната матура, односно презентирање на проектните задачи од предметот кои претходно самите ги одбрале.

Од оваа учебна година средношколците ќе полагаат според новиот терк наречен “Еден плус два“ што значи дека учениците ќе треба да полагаат два екстерни и еден интерен предмет. Според овој модел учениците ќе полагаат еден задолжителен екстерен предмет,односно мајчин јазик, но ќе има и два екстерни предмети што учениците сами ќе ги изберат.
Првиот предмет од групата на екстерните што ќе можат да ги избираат се од групата на странски јазици и математика, а за вториот предмет ученикот одлучува од листата на општествени и природни науки.
Начинот на полагање на таканаречениот интерен предмет ќе остане непроменет, а учениците треба да изработат и проектна задача на тема што сами ќе ја изберат.
Оваа година новина е и начинот на кој ќе се полага државната матура. Освен есеите и текстуалните задачи што матурантите ќе треба да ги пишуваат на хартија, останатите предмети ќе се полагаат по електронски пат. Тоа се новини што ќе почнат да се имплементираат оваа учебна година.

drzavna matura drzavna matura 1