Општина Маврово и Ростуше и оваа година активно се вклучи во есенската акција “Ден на дрвото” под мотото “засади успех” која традиционално се прави веќе 16 ти пат по ред. Мото на годинашната акција „Засади успех!“ е да се потсети на мотивите, почетоците, развојните фази и резултатите на акциите, кои започнаа пролетта 2008. На оваа акција покрај многубројните граѓани, општинската администрација, средношколците, основците се приклучија и Градоначалникот Мукрем Мехмеди, Пратеници како и директорите на Општинските училишта и Јавните препријатија. Во рамки на оваа акција засадени беа околу 2000 садници во повеќе населени места на атарот на општината од предходно лоцирани ерозивни подрачја. Градоначалникот Мехмеди изрази големо задоволство од масовното приклучување од сите возрасти на граѓани на оваа акција.