Советот за јавно здравје како повремено тело на советот на Општина Маврово и Ростуша одржа седница со која преседаваше претседателот Доктор Мевмед Џафери. на седницата беше разгледана Предлог- Годишна програма за јавно здравје, заштита на здравјето на населението од локално значење на подрачјето на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година.

Образложение даде претседателот на советот за јавно здравје Мевмед Џафери. кој истакна дека Годишната програма за јавно здравје, заштита на здравјето на населението од локално значење на подрачјето на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година е изготвена од страна на Центарот за јавно здравје Тетово. Се работи за програма која со закон за здравје општината мора да ја има усвоено. Програмата е стручно изготвена и како таква Јас предлагам овој совет за јавно здравје да ја усвои и да ја допушти до советот на општината за нејзино усвојување. Програмата е изготвена во три области и за секоја област предвиени се активности ко треба да ги спроведе Центарот за јавнмо здравје од Тетово. Доколку има потреба и ние како здравствени работници од општинава ќе бидеме вклучени во реализиорањето на програмата.

Советот за јавно здравје на Општина Маврово и Ростуша ја разгледа предлог годишната програма за јавно здравје, заштита на здравјето на населението од локално значење на подрачјето на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година, и му предложи на советот на општината да ја разгледа и усвои.

Исто така претседателот на советот за јавно здравје Мевмед Џафери предложи за наредната седница на овој совет, се донесе програма и акционен план за спроведување на здравствени активности. Претседателот на советот за јавно здравје предложи до советот на оштината во својот буџет за 2014 година да предвиди средства за реализирање на програмата.

sovet 7