Општина Маврово и Ростуша во соработка со Месната Заедница од с. Жировница спроведе акција за собирање на атмосферските води, уредување и санација на оштетени делови од улици на територијата на ова населено место. Претседателот на месната заедница, Рефик Пајкоски искажа голема благодарност до Општината и вели дека за сите нивни барања за решавање на проблеми од областа на комуналии и урбано уредување на улици се со цел подобрување на условите за живот во ова населено место наидувале на големо разбирање кај Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и дека секогаш се барало решение за надминување на истите.

zirovnica 2 zirovnica 3 zirovnica 1 zirovnica 4