Уличното осветлување во нашата општина е една од сферите во кои во изминативе 5 години е направен забележителен прогрес. Од статистиката со која располага Општината, изминативе 5 години се заменети сите живини сијалици со енергетско ефикасни сијалици со што се добива заштеда во електрична енергија до една третина. Во сите населени места старите арматури се заменети со нови, поставени се значителен број на нови бандери и канделабри. На месечно ниво на целата територија на општината се менуваат над 250 светилки. Најновата инвестиција, која е реализирана во нашата општина од страна на Јавното препријатие за државни патишта во координација со Градоначалникот Мехмеди е поставувањето на канделабри на раскрсницата Маврово – Гостивар – Кичево. Од службите задолжени за оддржување на уличното осветлување информираат дека сите прегорени сијалици благовремено ќе бидат заменети со нови, таму каде што треба да се поставуваат нови арматури и бандери ќе се постават согласно потребите на граѓаните како и во согласност на инвестицискиот план на општината.raskrsnica mav - ros