Како дел од програмата за промовирање на туризмот на нашиот регион како еден од главните приоритети на градоначалникот Мукрем Мехмеди, група туроператори и хотелиери од различни региони од Русија денес и утре се во посета на нашата општина каде ќе имаат можност да ги посетат најатрактивните локалитети во нашиот регион со што истите ќе ги нудат на своите клиенти во своите региони во Русија. Со зголемување на туристи и посетители на нашата општина придобивки ќе имаме сите ние кои живееме на овие простори.
tur_operatori_mavrovo_rostuse_rusija

Во хотел Макпетрол беше организиран работен ручек помеѓу претставникот на општината одговорен за локалниот економски развој, Елвира Ејупи, претседателот на советот на Општина Маврово и Ростуша, Неџат Исмаили со гостите од Русија, каде беа запознаени со капацитетите за сместување исто така беа запознаени со можностите за сите алтернативни форми на туризам кој го овозможува Мавровско-Реканскиот регион.
Групата туроператори и хотелиери во утрешниот ден ќе има можност да ја види убавата Радика, една од реките со најубав и најатрактивен кањон како и со многу чиста вода.