Врз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија – центар Гостивар денес 25.02.2015 година во општинската сала за состаноци во Ростуше одржа трибина на која беа презентирани сите мерки кои ги нуди Владата преку програмите за самовработување со давање на неповратни срества како ипрограмите за кредитирање со каматна стапка од 1% и една година грејс период при враќање на кредитот исто така и условите кои се нудат за ослободување на плаќање на придонесите за пензиско и здраствено осигурување.

На трибината присуствуваше Градоначалникот Мукрем Мехмеди, лица од бизнис секторот како и лица заинтересирани за користење на мерките за самовработување и кредитирање. trud