Триатлон Федарација на Македонија  во соработка со градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди, повеке од 10 години одржува Државно Првенство во Триатлон – најтешкиот спорт кој се состои од пливање, велосипедизам и трчање.

Државното Првенство ќе се одржи на  07.07.2013 – недела со старт во 10.00 часот.
Традиционалната трка ќе се одржи на следните дестинации;
1. Пливање ( с. Маврово – до стара потопена црква)
2. Велосипедизам – (од с. Маврово до с. Ниќифорово – кругови)
3. Трчање – (од хотел Срна до новата црква и назад)
    Сениори, Јуниори                 750 м. Пливање, 20 км велосипед и 5 км. трчање
    Мастерс, Кадети, Девојки    375 м. Пливање, 10 км. велосипед и 2,5 км трчање
    Пионери С                              200 м. Пливање, 5 км. велосипед и 1.250 м. трчање
    Пионери м                              100 м. Пливање, 2,5 км велосипед и 600 м трчање
     Целта на натпреварот е на паркингот кај Хотел Срна.
image