Викендов во село Тресонче беше отворена Третата малореканска летна школа “По патеките на Дичо Зограф”.

Воведни обраќања имаа проф. д-р Сашо Цветковски, научен раководител на школата, проф. д-р Ненад Макуљевиќ од Филозофскиот факултет во Белград и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски кој воедно и ја прогласи школата за отворена.

Во чест на најпознатиот македонски зограф, Дичо Зограф и воедно зачетокот на таканаречената македонска ренесанса во уметноста, во неговото родно Тресонче, отворена е третата по ред, веќе традиционална, малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“.

Ораганизаторот на овој настан и научен раководител Сашо Цветковски од институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ ја истакна важноста на школата за зачувување на творештвото на Дичо и други истакнати Мијаци како и целокупната културна историја во овој дел на Македонија.