Во Маврово започна 11. Годишна средба на граѓански организации од РМ кои работат на полето на животна средина и одржливиот развој. Средбата се одржа во рамки на проектот на Усаид за општински стратегии за климатски промени, кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија, а ја организира Македонскиот зелен центар.

На отворањето на средбата на присутните им се обрати Џејмс Стајн, директор на мисијата Усаид Македонија, а свои поздравни обраќања имаа и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Игор Славковски извршен директор на Милиеуконтакт Македонија, и Методија Саздов, претседател на Македонскиот Зелен Центар.
Во рамки на оваа годинешна средба учествуваа градоначалници и овластени претставници од осум општини од РМ во кои веќе две години се спроведува проектот на Усаид за општински стратегии за климатски промени и кои се првите осум општини на Балканот кои подготвиле локална стратегија за митигација и адаптација кон климатски промени. 

usaid