Промовирање спортски бонтон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи, е целта на проектот „Традиционални спортски игри”, кој денеска стартуваше во Велес. На отпочнувањето на проектот присустуваше Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како покровител на оваа спортско-културна манифестација, Амбасадорот на САД во Македонија, Н.Е. Пол Волерс, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди и градоначалниците на општините Велес и Свети Николе. Инаку проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)” се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Маврово и Ростуша, Велес, Карпош, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.
 bon ton 1 bon ton 2 bon ton 3 bon ton 6 bon ton 7