Спортската сала стана реалност во нашата општина

Благодарение на упорноста, посветеноста а пред се упорната работа на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди, спортската сала станува реалност во нашата општина.
Со силно темпо се довршуваат финалните работи во и околу спортската сала во близина на седиштето на општината се со цел што побрзо да биде во функција на нашите граѓани а пред се оваа благодет да може да ја уживаат и нашите сограѓани кои се наоѓаат на привремена работа во странство а своите одмори како и секоја година ги поминуваат покрај своите роднини и пријатели, покрај своите огништа во убавата со рака недопрена природа покрај како солза чистата Радика, во својот роден крај.
Градоначалникот Мехмеди изјави дека нема да застане тука и дека тој дел сака да го види како еден спортско рекреативен центар кој го заслужуваат нашите сограѓани со помошни терени, базен, како и зеленило и парк.
sala sportska sala sportska 1 sala sportska 2