Општина Маврово и Ростуше, Агенцијата за Млади и Спорт и Сојузот на Спортски Федерации на РМ во Спортската сала “Македонија” преку разни спортски активности, забава, игри и дружење на најмалите деса – ученици на возраст од 8,9, и 10 години од сите Општински Основни Училишта кои гравитираат во Нашата Општина беа дел од реализацијата на Проектот Спортот и Семејните Вредности 2018 година чиј носител е Агенцијата за Млади и Спорт.
Преку овој проект се промовираа следните игри: штафета со топка, подавање под нозе и над глава со топка, фудбал и ракомет на мали голчиња како и други спортски игри кои ќе го зацврстат спортскиот дух кај сите наши дечиња.
На настанот присуствуваше и Градоначалникот на Општината Медат Куртовски кој ги отвори овие игри и на најмалите им посака да уживаат во спортските активности и меѓусебното дружење.