Во општинската сала за состаноци, Советот на Општината ја оддржа својата 12 седница на која меѓу другото беше и донесена Програма за Поддршка на Локалниот Еконосми Развој на Општината. Процесот на планирање на програмата беше изготвуван врз законските обврски на Јавните Институции и непосредно учество на Бизнис Заедницата и Граѓанскиот Сектор, Месни Заедници и Граѓански Асоцијации. Стратегијата за ЛЕР на Општината за периодот 2014 – 2018 година ги опфаќа следните области на делување: 

1. Инфраструктурно и комунално уредување на селските средини.
2. Квалитетно и целосно уредување на Туристичките и Стопанските потенцијали во руралните области со што би се подобрил квалитетот на живеење во селските средини.
3. Развиено земјоделство и сточарство врз база на автохтона и органски здрава храна.
4. Подобрување на образовните и здраствени стандарди во руралните области.
5. Подобрување на спортската инфраструктура и развој на традиционални културни манифестации во руралните области.
Исто така поттик на брендирање на производи и услуги во локалната економија согласно препораките на ЕУ и законската регулатива, едукативно информативни работилници и семинари за можностите за искористување на средствата од ИПАРД програмата како и срествата од Агенцијата за рурален развој.
Покрај разгледаните точки од сверата на урбанизмот, беше именуван и член во Совет за Јавно Здравје како претставник од ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Тетово, исто така беше донесена и Годишната Програма на Советот на Општината

sovet