Во општинската сала за состаноци, Советот на Општината ја оддржа својата 21 седница со која претседаваше Рамиз Рамадани. На седницата покрај советниците присуствуваше и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди. На оваа седница беа разгледани неколку предлог одлуки и програми од областа на образованието, урбанизмот и просторното планирање на територијата на локалната самоуправа. Донесени одлуки за пристапување кон измена на дел од урбанистички план за с.Маврово и други населени места. Верификацирани мандатите на нови избрани совети на месните заедници во населените места на општината.
Прифатена иницијатива за измена и дополнување на статутот на Општина Маврово и Ростуша со која Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди треба да изготви предлог на статутана одлука за изменување и дополнување, со што ќе се пристапи кон основање на Општински совет за безбедност при сообраќајот и Општински младински совет.

21 sednica na sovetot