Се финализираа градежните работи во СОУ Маврово-Ростуша.
Како резултат од работните средби што ги имаше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди со Претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски и Министрите од Владата на РМ во изминатиов период, како и неговата посветеност на работата и сериозниот пристап заедно со Претседателот на Советот на Општината и Директорите на Средното и Основните Училишта кон побрзо и поефикасно решавање на проблемите со кои се среќаваат нашите деца како и обезбедување што подобри услови во образовниот систем во нашите училишта. Во завршна фаза е фасадирањето на СОУ- Маврово-Ростуша како и поставувањето на парно греење во училишната зграда, со што се финализираа градежните работи во СОУ Маврово-Ростуша.