Се работи на расчистување и подготовка за асфлатирање на локалниот пат од с. Ростуша до с. Велебрдо.

Фирмата која е задолжена да ги изврши градежните работи, врши гребење на стариот асфалт и расчистување на целиот шут што би попречувал квалитетно асфалтирање на овој дел од локалниот пат.
Сите градежни активности одат во согласност на нормите и обврските кои произлегуваат од самиот проект.
Градоначалникот, Мукрем Мехмеди изјави дека решавањето на главните инфраструктурни проблеми е во насока на заживување и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места во општината.

v5 v8 v9 v1 v10 v3